Еден ден еден човек минувал покрај некоја куќа и загледал старица како седи на еден стол за лулање.
Покрај неа, исто во таков стол, се лулал и еден старец кој читал весник. Помеѓу нив, на прагот на куќата, лежело едно куче и завивало, како да го боли нешто. Поаѓајќи покрај них човекот се изненадил, и во себе се запрашал зошто песот завива така жалосно. Следниот ден повторно поминал покрај таа куќа и пак ја видел истата слика. Загрижениот човек во себе си ветил дека ако и утредента ја види истата слика со кучето кој завива, ќе ги праша старите луѓе во што е проблемот.
Третиот ден, на свое изненадување, ја видел истата слика: Старицата се лулела, старецот читал весник, а кучето, на истото место, завивало. Повеќе не можел да издржи, па прашал:
– Извинете госпоѓо, што се случува со вашето куче?
– Со него? Тој лежи на еден клинец.
Изненаден човекот, прашал:
– Ако кучето лежи на клинец, и ако тоа го боли, зошто едноставно не стане?
Старицата се насмевнала и рекла со нежен глас:
– Значи, мил мој, го боли толку да може да завива, но не за да мора да се тргне од тоа место.