Реклама
BEAUTYКожа и нокти

Маска од грозје која ќе ве подмлади и ќе ви ги намали брчките

Реклама

Сега е вистинско време да го искористите богатството минерали и витамини кои се кријат во грозјето и да ја прихраните вашата кожа. Ова слатко овошје е идеално за нега и разубавување, особено ако сакате да се подмладите и да ги избришете брчките. За таа цел, испробајте некоја од овие маски.

ФОTO: lifealth.com

Грозје и младо сирење

Изгмечајте малку младо сирење и додајте сок од пет зрна грозје, и една лажичка мед. Сите состојки промешајте ги добро, додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја маската на добро исчистено лице и оставете ја да делува околу половина час, па измијте го лицето со млака вода и намачкајте крем. Нанесувајте ја маската барем еднаш неделно.

Јајце, млеко и грозје

Со мискер изматете го јајцето, додајте две лажички млеко и сок од десет зрна грозје, па добро промешајте. Смесата нанесете ја на чисто лице со помош на памук. Штом ќе се исуши првиот слој, напрскајет го лицето со масло од лаванда, па нанесете уште еден слој од маската. Повторувајте така до три слоја, а кога и третиот слој ќе се исуши, измијте ја маската со ладна вода.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button