Северина во преубав фустан од Александар Вотиер
Кога се пoјави на забавата организирана од порталот Journal.hr Северина по кој знае кој пат ги остави сите без зборови. Таа на настанот дојде со својот сопруг Игор Којиќ и новиот менаџер Ален Кљуќеа, а во центарот на вниманието беше и поради сатенскиот црвен фустан со точки и тренди „пуф“ ракави, кој важи за еден од најпосакуваните детали на улиците.
Покај фустанот што го носи потписот на Александер Вотиер, Северина носеше и црвени сандали со високи потпетици, додека во рацете ја држеше омилената чанта со потписот на дизајнерката Габриела Херст.
Инаку, овој фустан веќе некое време е вистински хит, а во прашање е креација од минатогодишната пролетна колекција на дизајнерот. Меѓу првите ја носеше младата манекенка и сопруга на Џастин Бибер, Хејли Болдвин, како и славната руска манекенка Наталија Водијанова.
Фустанот од познатиот дизајнер можеше да се купи од популарната интернет продавница „Net-a-porter“ за нешто повеќе од 1500 фунти, но и покрај (пре)високата цена, моделот веќе одамна е распродаден.