Таа важи за една од најпознатите наши фолк пејачки, но и една од најдобро облечените дами на нашата естрада.
Елена Велевска ги изненади сите со своето ново издание во какво досега ја немаме видено. Но покрај изборот на облеката, Елена не воодушеви и со нејзината преубава фризура, а ништо полошо не изгледаше и нејзината шминка како и изборот на модните додатоци – големите обетки што потполно одговараат со здолништето и марамата со која и е врзана во косата, а која исто така важи за голем тренд за оваа сезона.
Таа редовно на социјалните мрежи објавува фотографии на кои позира во своите беспрекорни изданија, а овој пат не воодушеви и со здолништето што го носеше на снимањето на својот последен спот за песната „Зоро моја румена“. Во прашање е модел со преубав цветен дезен кој пејачката го носеше со црвена блуска со отворени раменици и широки ракави какви ќе бидат хит оваа есен.
Видео спотот е сниман на локации во Бугарија, а песната е авторско дело на двоецот Дејан Момировски и Борче Нечовски.
Тоа дека Елена со овие фотографии ги воодушеви своите обожаватели кажуваат и бројните коментари и комплименти што ги доби на сметка на нејзиниот изглед во коментарите на нејзиниот профил на социјалните мрежи.