Вирално

Минута пред венчавката животот му стана пекол – младоженецот ја чекаше бремената невеста пред олтарот, но следуваше шок

Advertisement

Бремената невеста не успеа да го доживее својот најубав ден во животот бидејќи само неколку минути пред да застане пред олтарот и да го изговори своето судбинско „да“ доживеа мозочен удар. Таа зад себе го остави тажниот свршеник и бебето што беше породено со царски рез.

Advertisement

Медицинската сестра Џесика Гуедес од Бразил беше во шестиот месец од бременоста и на изглед потполно здрава кога во еден момент почна да се чувствува лошо во лимузината на патот кон Сао Пауло во неделата. Нејзиното семејство прво помисли дека има мачнини поради церемонијата бидејќи се пожалила од вртоглавица и болки во вратот.

Но тие не беа свесни дека боледува од прееклампсија, која ќе и го одземе животот набргу откако стигнала во болницата.

Advertisement

Нејзиниот свршеник, пожарникарот Флавио Гонкалвез кој ја чекаше на олтарот беше изненаден заради доцнењето. Но во просторијата тогаш дошла нејзината роднина барајќи помош бидејќи на невестата и се слошило во автомобилот. Потоа докторите ги соопштија трагичните вести само неколку часа откако беше примена во болницата.

Бев загрижен бидејќи ја чекав кај олтарот и долго време ја немаше. Тогаш дотрча една нејзина роднина и ми кажа дека се онесвестила, изјави несудениот младоженец за бразилскиот магазин „Crescer“.

„Кога ја отворив вратата од автомобилот, таа лежеше, но и се врати свеста и зборуваше со мене и кажав: ‘Драга, тука сум’“, вели Флавио кој на својата свршеница и пружил прва помош. Таа му кажала дека е се во ред, но и дека има силни болки во грбот и вратот. Тој ја извадил од лимузината побарал помош од своите пријатели пожарникари кои биле таму како гости.

Девојката веднаш беше однесена во болница, а потоа според лекарскиот извештај доживеала мозочен удар поради прееклампсија и внатрешно крварење, па хирурзите мораа да и ја отстранат матката.

Медицинскиот тим одлучи да направи итен царски рез за да го спаси животот на бебето и младата мајка, но таа не ја издржа операцијата.

Софија беше родена со 930 грама и 34 сантиметри, а во билница ќе остане барем два месеци.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button