Само затоа што можете, не значи дека морате. Следете го она што навистина го сакате!
Вие можете многу повеќе отколку што можете да замислите. Не ограничувајте се со своите моментални способности.
Ако некој ви каже дека добро се снаоѓате со бројките, не значи дека треба да бидете сметководител. Не значи дека тоа е вистинската професија за вас. Талентот е прекрасна работа и секој од нас го има во одредена мера. Што и да е вашата способност, убаво е кога другите ќе препознаат дека сте добри во нешто. Но, тоа не значи дека тоа ви ја определува кариерата. Ако нешто можете, не значи дека мора да го правите тоа. Секој од нас може да направи многу. Испробувајте многу работи, па можеби ќе откриете некој ваш скриен талент. А можеби тоа што моментално го работите ќе сфатите дека ви се допаѓа. Кој би знаел. Поентата е следнава: Не работете го она што само мислите дека го знаете, а сепак не ве прави среќни. Охрабрете се да пробајте нешто ново, да стапнете во непознатото.
Најдобриот совет кој би можеле да го следете е следниов: Заборавете на можам и не можам, како и на морам и не морам. Запрашајте се: Што вие навистина сакате?