Војвотката од кембриџ повторно е бремена? Поради овој детаљ Британците се убедени дека Кејт чека четврто дете
Вакви вести не можат долго време да се кријат
Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон важи за една од најпознатите мами на светот. Таа за кратко време роди три деца, од кои најмалиот Луис се роди пред една година. Но и покрај тоа британската јавност одвај ја чека веста дека нивната омилена војвотка повторно е бремена.
Тоа дека нивните очекувања би можело наскоро да се остварат ги потврди еден детаљ кој можеби ја наговести радосната вест дека Кејт повторно е бремена. Новинарите се уверени дека Кејт можеби повторно е бремена, а тоа прв пат го забележаа кога Шарлот тргна на училиште.
Имено, Кејт Мидлтон секој пат пред да објави веста дека е бремена ја менуваше фризурата, а тоа го направи и сега.
Нејзината коса сега е посветла и скратена, баш онака како што тоа го направи и пред останатите свои бремености.
Но покрај овој знак кој го забележаа британските професионалци кои се занимаваат со односите во кралските семејства, постои уште еден детаљ кој ги подгреа гласините дека војвотката можеби чека четврто дете. Тоа е фактот што таа во последно време е ослободена од своите обврски, па според новинарите тоа го направила затоа што и во првите три бремености на почетокот имала мачнини, а во првата бременост дури заврши и во болница. Можеби Кејт повторно е во првото тромесечје па повторно и треба одмор и здравствена нега за да помине се’ како што треба.
Овие гласини се уште ги нема официјално потврдено никој од Кенсингтонската палата, но бидејќи таквите вести не можат долго време да се кријат, сигурни сме дека британската јавност набргу ќе ја дознае вистината.