Новата куќа изгледа како дом од соништата
Јелена Карлеуша им се пофали на своите обожаватели со својот нов дом, вилата на Дедиње која некогаш била на фудбалерот Драган Стојковиќ Пикси.
Пејачката се пофали на социјалните мрежи, а под фотографијата напиша „Мојата нова куќа“.
Како што пренесуваат српските медиуми, во прашање е луксузна куќа со голем двор, четири тоалети, како и голем базен кој се наоѓа во дворот.
Опремена е и со сауна и теретана, а наводно има и одличен систем за обезбедување. Куќата наводно и ја купил Душко Тошиќ и чини 2.5 милиони евра.
Карлеуша успеа да го зачува бракот
Откако се појавија експлицитните фотографии на Јелена Карлеуша со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, пејачката ретко можевме да ја видиме со својот сопруг во јавност. Тогаш се шушкаше дека Душко ќе поднесе барање за развод, а обожавателите беа сигурни дека во нивниот брак не цветаат рози. Јелена цело време го демантираше тоа, а нејзиниот сопруг не сакаше воопшто да коментира на темата. Но според последните случувања – заедничкиот одмор во Кина, роденденскиот подарок на Душко за Јелена, па заедничкиот одмор во опатија и сега новата куќа, очигледно е дека бурниот период не го растурија нивниот однос.
Инаку, Јелена и Душко веќе подолго време не се следат на социјалните мрежи, а ситуацијата кулминираше откако јавноста дозна дека Карлеуша го изневерувала со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш. Поради тоа, многумина заклучија дека дојде крајот на нивниот брак. Почнаа да кружат гласини дека Душко поднел барање за развод, а Јелена тоа го демантираше, додека Душко не сакаше ништо да коментира.
Последните случувања покажаа дека тие успеале да ја надминат кризата и очигледно нема ништо од разводот.
За разлика од Карлеуша, фудбалерот Огњен Врањеш се разведе од својата сопруга и мајка на неговата ќерка.