Денеска е петок 13. денот кога ќе се појави морничавата полна месечина каква што не сме виделе во последните неколку години.
Месечината што ќе ја видиме е позната како микромесечина, бидејќи на небото ќе биде дури 14% помала од вообичаено.Астрономот Џо Рао вели дека ќе ја видиме Месечината значително помала на небото бидејќи во кулминативниот период ќе биде многу оддалечена од Земјата.
Жетварската полна Месечина е еден од најимпресивните астрономски спектакли и се случува непосредно пред есенската рамноденица, најавувајќи го почетокот на новото годишно време.
Експертите велат дека името го добила бидејќи периодот меѓу зајдисонцето и изгревањето на Месечината е пократок од вообичаено, па како резултат на тоа жетварите имале повеќе време да работат на отворено, под месечевата светлина, кога немало други начини да се осветлат полињата ноќе.
Тоа значело дека работниот ден бил подолг и земјоделците можеле да соберат поголема жетва во еден ден.Овој феномен наречен „морничава/жетварска полна месечина“, последен пат бил забележан токму на 13. октомври 2000 година.Следен пат, ваква месечина ќе може да се види дури во 2049. година.