Млада македонска актерка се соблече во костим за капење и ги запали социјалните мрежи
Таа важи за една од нашите најубави актерки, а нејзините нови фотографии ги запалија социјалните мрежи.
Симпатичната и талентирана актерка Ана Стојановска знае често да ги изненади своите пријатели со интересни фотографии, а овој пат во прашање се „селфи“ изданија од кои се гледа дека закачила убава црна боја, но и дека без шминка изгледа одлично.
Таа ова лето беше на одмор на популарниот грчки остров Миконос, па на нејзиниот профил на Инстаграм објави неколку фотографии од ова патување.
Но најмногу внимание привлече со фотографијата на која позира во минијатурни бикини, а во центарот на вниманието е нејзиното беспрекорно тело.
Инаку, Ана точно пред 10 години учествуваше во шоуто „Преживеан“ и важеше за една од најубавите учеснички. Како таа изгледаше тогаш, погледнете во продолжение.
Таа наскоро ќе стане тетка, односно нејзината сестра, актерката Јана Стојановска, го кажа своето судбинско „да“ ова лето и наскоро ќе се оствари во улога на мајка.
Ана неколку години беше во врска со пејачот Влатко Илиевски.