Септември е одличен месец за нови потфати и за сумирање на обработените резултати. Меѓутоа, бидете внимателни што и како правите. Добро размислете пред секоја одлука која ја донесувате. За да ви ја олеснеме работата, ви ги прикажуваме деновите кои се најпогодни за промени.
14.09. – Меркур влегува во Вага
Ова е период кога комуникацијата е во втор план. Потрудете се со дела да го покажете она што досега го тврдевте. Што помалку зборови, што повеќе дела – толку подобро.
14.09. Венера влегува во Вага
Вагата носи радост во нашите животи. Овој датум е одличен за започнување деловни соработни или ново поглавје во животот. Доколку планирате да стекнете некои нови вештини, овој ден е идеален за тоа. Вагата воспоставува рамнотежа во нашите животи, па можно е да почувствувате дека сите работи се на своето место.
18.09. Завршува владеењето на ретроградниот Сатурн
По 5 месеци престој во ретроградна фаза, Сатурн влегува во пасивна фаза. Овој период е одличен за акција. Сетете се на своите ветувања и почнете да работите на нив.
21.09. – Јупитер и Нептун се наоѓаат на исто соѕвездие
Ова во вас ќе ја разбуди желбата за нови работи. Ќе ве поттикне да заземете некои нови гледишта на ситуациите во вашиот живот и да разгледате некои опции кои до сега упорно ги одбивавте.
23.09. Сонцето влегува во соѕвездието на Вагата
Искористете го овој период кој ќе ве преплави со позитивна енергија. Ова е идеално време да го направите она што долго време го посакувавте, без разлика дали е на деловен или љубовен план. Овој ден сите работи ќе ви одат од рака.