„Толку убав, толку млад“…Елена објави досега невидена фотографија со Влатко Илиевски! (фото)
Пејачката Елена Ристеска се присети на својот другар Влатко Илиевски.
Фото: Фејсбук/Елена
Помина повеќе од една година откако сите бевме шокирани од прераната загуба на пејачот и актер Влатко Илиевски.Елена комуницираше преку пораки неколку часа пред да си замине на другиот свет нашиот познат пејач, разговарајќи за нова дуетска песна.
„Ете така ќе си најдеш слика од времето сосема случајно и ќе те погоди како нож во гради кога ќе здогледаш кој е на сликата.Толку убав, толку млад,толку талентиран и оригинален.. и си викаш, до кога ќе губиме време на социјалниве мрежи да исправаме криви Дрини, кој-што рекол и направил, кој-каков бил.. До кога? До каде?Има ли крај?Од денес нов лист на книгава наречена-живот!“, напиша Елена на својот Фејсбук профил.
Влатко Илиевски е роден на 2 јули 1985 година во Скопје. На музичката сцена беше активен од 2000 година. Свирел гитара во локални скопски бендови, членувал во бендот „Мејд ин Маседониа“, а потоа стана познат како вокал на групата „Морал“.Во 2011 година Илиевски ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Дизелдорф со песната „Русинка“.