Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дали ќе се согласите дека Водолијата е најкомплицираниот љубовник во Зодијакот?

Реклама

Секогаш е лесно да препознаете кога Водолијата сака некоја личност, затоа што тие не се премногу заинтересирани тоа да остане тајна.

ФОТО: liziahtherapies.com

Овие личности природно се атрактивни, но телесната страст е само еден аспект на Водолијата во љубовта. Тие повеќе сакаат да ве запознаваат на различни полиња. Сакаат да ги составуваат сите делови од сложувалката, се’ додека не добијат целосна слика. Бунтовната стран на Водолиите во љубовта се изразува при изборот на партнерот. Тие имаат тенденција да одберат партнер кој има многу енергија, затоа што тоа им е од особена важност. Нивните единствени идеи и волјата за експериментирање се цел на нивното истражување во љубовта.

На мажите родени во овој хороскопски знак многу брзо им станува здодевно и не можат да се концентрираат на една работа подолго време. Меѓутоа, доколку тие имаат чувства за вас, ќе одвојат време за работите што вам ви се важни и ќе се заинтересираат за вашите хобија иако можеби воопшто не им се интересни.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button