Реклама
Холивуд

Моника Белучи се пофали со разголени фотографии – прв пат се фотографираше во костим за капење, фановите во шок!

Реклама

Моника Белучи повторно во центарот на вниманието

Моника Белучи го освои филмскиот свет со сцените од 2000 година од филмот Малена. Контроверзната и провокативна улога и даде статусот на една од најпосакуваните актерки, а и денес, иако има 54 години, таа се уште важи за недостижен симбол на женската убавина.

Маркетинг

Моника пред да замине на Филмскиот фестивал во Венеција направи серија фотографии за магазинот „Vanity Fair“.

Познатата Италијанка објави неколку фотографии на Инстаграм на кои позира во костим за капење и проѕирен фустан во боја на кожа, а нејзините обожаватели беа воодушевени од нејзиниот феноменален изглед на кој изгледа како во своите најдобри денови.

Маркетинг

Моника Белучи во 2013 година се раздели од својот француски колега Венсан Касел и неколку години успешно го криеше својот приватен живот. Таа сега е во врска со 18 години помладиот Николас со кого овие денови се појави на Филмскиот фестивал во Венеција.

Моника од нејзиниот поранешен сопруг има две ќерки, а кога ја прашаа за нивната разделба таа во една пригода кратко одговори: „Беше тоа однос полн со кавги, впрочем како и секој друг, но ете, тука сме кај што сме“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button