Не е реално колку добро изгледа – Џенифер Лопез во едно од најпровокативните изданија што сме ја виделе досега
Да, таа и на 50 години изгледа вака!
Благодарение на активниот живот и редовните тренинзи, Џенифер Лопез и на свои 50 години изгледа неверојатно. И да, таа е потполно свесна за тоа, па не пропушта прилика да се пофали со својата линија.
И воопшто не ја обвинуваме заради тоа. Таа објави фотографија на која позира во едноделен костум за капење, а во преден план се нејзините долги, затегнати нозе.
Покрај костимот за капење кој стои феноменално на нејзиното тело и на кој пишува „Forever young“ (засекогаш млада), таа имаш и жолта наметка која што ја спушти до лактите и така ги покажа и своите мускулести раце, а нејзините воодушевени обожаватели не можат да поверуваат дека оваа жена изгледа толку добро и на свои 50 години.
Фотографијата е направена за време на нејзиниот одмор на јахта во Сен Тропе. Таа е позната по својата љубов кон вежбањето и здравиот начин на живот, па не е ни чудо што сите останаа без здив кога ја видоа во ова издание.
Џенифер секојдневно консумира избалансирани оброци и посетува теретана, а кога има обврски секогаш пронаоѓа време за вежбање дома. Само еден поглед на овие фотографии од нејзиниот одмор е доволен доказ дека времето поминато во теретана за неа не било за џабе.