Овие фармерки повторно се враќаат во мода, а познатата манекенка не се одвојува од нив – дали ви се допаѓаат?
Кога е модата во прашање, модерните парчиња најпрво ги гледаме како ги носат познатите личности.
Многу светски познати модни брендови и модни куќи соработуваат со бројни познати личности, па не е ни чудно што на нив најпрво можеме да видиме што е ново во модната индустрија. Па така ако судиме според панталоните што ги носеше Хајди Клум, можеме да заклучиме дека во мода повторно ни се враќаат широките фармерки.
Имено, таа се прошета низ Њујорк каде го снима својот нов ријалити „Making the Cut“ во кој таа и нејзиниот тим бараат но а светска ѕвезда. Но она што на прв поглед сите го забележаа кај неа беа токму широките фармерки кои полека но сигурно повторно се враќаат на модната сцена.
Таа својот модел од светол џинс со длабоки коси џебови и тексас ремен околу половината ги носеше со бела маица со дезен од бендот „Tokio hotel“, во кој свири нејзиниот сопруг Том Каулиц, како и бели полу-чизмички кои одлично се вклопија во целото издание.
Па, како ви се допаѓа ова издание на Хајди?