Холивуд

Познатата манекенка по големата животна трагедија остана бремена и тоа во петтата деценија од животот

Advertisement

Една од најубавите жени на светот, Петра Немцова (40) која по потекло е од Чешка наскоро ќе стане мајка.

Фото: Инстаграм/ Петра Немцова

Познатата убавица објави фотографија на Инстаграм на која се гледа како со насмевка на лицето позира покрај базенот, држејќи се за стомакот.

Advertisement

Под фотографијата напиша: „Нашето семејство се шири, а и мојот стомак. Толку сум му благодарна на универзумот што толку брзо не израдува со божествен подарок“, истакна манекенката и додаде дека ја фотографирал идниот татко, за кого веќе изјави дека е најдобриот татко на светот.

Фото: Инстаграм/ Петра Немцова

Петра на почетокот на август се омажи за бизнисменот Бенџамин Лареч со кого е во врска од минатата година и со кого ја пронајде својата среќа откако пред неколку години и се случи големата животна трагедија.

Фото: Инстаграм/ Петра Немцова

Да потсетиме, познатата манекенка доживеа голема трагедија кога во 2004 година преживеа цунами. Немцова тогаш заедно со својот вереник, фотографот Сајмон Атилија, беше на одмор во Тајланд, кој тогаш загина.

Advertisement

Тој го изгуби животот давејќи се, а неговото тело беше пронајдено дури четири месеци подоцна. Манекенката со скршена карлица некако успеа да преживее, држејќи се за палма се додека не ја забележал хеликоптер кој и помогнал да се извлече во последниот момент.

Фото: Инстаграм/ Петра Немцова
Фото: Инстаграм/ Петра Немцова
Фото: Инстаграм/ Петра Немцова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button