Моника Белучи се сретна на црвениот килим со поранешниот сопруг – фановите изненадени од нејзината реакција (фото)
На Венецијанскиот филмски фестивал се појавија бројни познати дами од светот на уметноста кои блескаат на црвениот килим.
Но кога се појави италијанската дива Моника Белучи, таа дефинитивно го украде целото влијание. Таа на премиерата на филмот во кој што глуми „Irréversible – Inversion intégrale” во склоп на 76. филмски фестивал во Венеција се појави во долг, црвен фустан во кој блескаше.
Таа цело време позираше со насмевка на лицето, а сите беа заинтересирани како ќе изреагира кога во нејзина близина ќе се појави нејзиниот поранешен емотивен партнер, Венсан Касел.
Имено, Вансен заедно со Моника ја игра една од главните улоги во филмот, а многумина се изненадени од нивниот однос по разводот.
И покрај тоа што многумина очекуваа дека Моника и Венсан по разводот нема да се согласуваат, според реакцијата на познатата италијанска актерка воочливо е дека тие ги „решиле“ проблемите. И додека актерката гледаше во фотографите, нејзиниот поранешен сопруг почна да дофрла нешто до екипата со која позираше, но Моника во ниту еден момент не ја сврте главата кон него и целото време смирено позираше со нејзината препознатлива насмевка на лицето.
Погледнете како изгледаа тие на црвениот килим.