Раша ја изненади Гоца Тржан со луксузен одмор во Грција – за резервација на ова место тој потроши 3000 евра (фото)
Уживаат во убавото време
Пејачката Гоца Тржан и Радомир Раша Новаковиќ го искористија последните денови од август за да уживаат во Лефкада. По напорната летна сезона, пејачката очигледно реши да се почести со убав одмор, а како што пренесуваат медиумите, дестинацијата ја избрал Раша.
Тој долго време размислувал што да и подари на својата сакана и пред неколку месеци резервирал место во луксузниот хотел. Како што пренесува извор за Блиц, Раша подарокот и го врачил на оригинален начин. Имено, тој ваучерите ги сокрил во нивниот дом и оставил симпатични пораки кои ја однеле до подарокот за кој потрошил 3000 евра.
Со нив е и ќерката на Гоца, Лена, а од фотографиите можеме да видиме дека пејачката е во совршена форма.
Таа неодамна самата призна дека на себе нема направено ниту една корекција, освен што ги средила брчките.
„Не сум во фазонот дека сум совршена, но не сум ни толку лоша. Се породив. Имав огромен стомак бидејќи бев крупна трудница. Тоа го прифатив како реалност и воопшто н се обидувам да се прикажам подобра и поубава од она што сум“, изјави пејачката во една пригода.