И по неверството им цветаат ружи – се шушкаше дека познатиот пар ќе се разведува, но очигледно таа реши да му прости за сé
Познатата актерка реши да ги наполни батериите
Познатата актерка Тори Спелинг која се прослави со улогата во Беверли Хилс папараците ја фатија додека ужива во прегратките на својот сопруг додека беа на одмор, а според фотографиите тие изгледаат како никогаш да не биле посреќни.
Познатиот пар беше блиску до развод кога актерот Дин Мекдермот призна дека ја изневерувал Тори, а за тоа пишуваа сите странски медиуми. Убавата актерка тогаш призна дека се соочува со тешка депресија, а потоа драстично се здебели и се и тргна наопаку во животот.
Таа минатата година со својот сопруг се соочија и со сериозни финансиски проблеми и беа многу блиску до банкрот.
Но токму кога изгледаше дека нема да успеат да ги решат сите проблеми, Тори и Дин очигледно успеаја да најдат заеднички јазик, па решија да се одморат на луксузна дестинација и да уживаат еден покрај друг.
Нивните фотографии погледнете ги во продолжение.