Реклама
MAMAКафе муабет

Не дозовлувајте озборувањата и негативните луѓе да ви ги сечат вашите крилја. Летајте и освојувајте ги височините!

Реклама

Негативните луѓе се како вампири кои ви ја црпат енергијата и не дозволуваат да се изразите себе. Тие ве гушат, ви ги затемнуваат очите и притоа ве оставаат да лебдите во празниот простор. Нивните зборови се како стрели кои се забиваат во невините човечки срца и оставаат длабоки траги, а притоа тие се гордеат со своите дела и се заситуваат од вашата болка.

ФОТО: shutterstock.com

Наивните луѓе тешко ги препознаваат овие крадачи на позитивната енергија. Невините луѓе често слепо им веруваат на другите, а потоа секогаш остануваат повредени. Сакајќи секогаш да направите добри дела, вие се затрупувате во купишта прашина кои ја фрлаат другите, па цел живот се обидувате да излсзете од таа темнина и нечистотија која ви е нанесена.

Но, отворете ги вашите очи и ослободете го вашето срце. Не дозволувајте негаитвните луѓе да ви ги сечат вашите крилја кои ви се дадени уште од вашето раѓање. Летајте и освојувајте ги височините! Чекорете храбро по земјата која подеднакво ни припаѓа на сите нам. Вивнете се кон небото, зашто само тоа ви е граница. Остварувајте, играјте, задоволувајте се себеси, дозволете си да уживате во неистраженото, во она што секогаш ви било амбиција, но не сте имале храброст да излезете надвор од вашата зона на удобност.

Маркетинг

Летајте, зашто само така ќе се чувствувате живи и ќе имате се’ поголема мотивација за утрешниот ден!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button