Катарина Ивановска носи девојче, а иметот ќе го добие по таткото на манекенката
Нашиот познат топ модел Катарина Ивановска може секој момент да се породи.
Иако таа го криеше и полот и името на бебето, манекенката реши да ги открие за јавноста во разговорот за естрадниот магазин „Бекстејџ“ реши да го открие.Ивановска обзнани носи девојче, и ќе го добие името на таткото на манекенката…
Нејзиниот татко, своевремено познат ракометар, десно крило на нашата гордост РК „Вардар“ и повремен репрезентативец на тогашна Југославија, кој го паметат повозрасните генерации се вика Кире Ивановски!
А, внуката ќе се вика – Кира! Можеби помакедонски би било Кирјана, но сеедно… Изборот на името на малата Кира звучи модерно, светски, а истовремено потсетува на името на нејзиниот дедо!
Инаку, манекенката и нејзиниот партнер Цобе веќе го имаат синот Вања кој неодамна наполни две години, а непосредно по неговото раѓање убавицата во интервју истакна дека мајчинството ја променило во целост, но откри и дека не е од оној тип на жени кои откако ќе добијат дете апсолутно се повлекуваат и немаат социјален живот.