Вегетаријанка е, НИКОГАШ не јаде благо и има IQ преку 150 – 10 работи што НЕ сте ги знаеле за Карлеуша
Неколку работи што не сте ги знаеле за ЈК
Иако речиси да нема ден а да не видиме вест за неа, таа е музичка ѕвезда која секогаш одново ја интригира јавноста и за чиј живот постојано нешто ново се открива. Па така некои предрасуди за неа таа ги има „разоткриено“ кога беше гостинка во „Ѕвездите на Гранд специјал“, кога меѓу останатото откри и дека е вегетаријанка, дека никогаш не јаде благо, дека не пие кафе и дека нејзината баба е грофица.
Овие десет работи најверојатно не сте ги знаеле за Карлеуша:
Кога имала 11 години и измериле дека има IQ преку 150.
Има завршено музичко училиште и знае да свири флејта.
Како дете има пеено во опера.
Нејзината прабаба, по мајка, била австриска грофица Марија Вон Дајц, која има своја улица во Грац.
Имала два царски реза за година дена и два пати се породи на ист ден и во истиот час.
Не јаде благо – никогаш во живот не пробала торта или колач.
Вегетаријанка е и не јаде месо. Најмногу сака бел лук.
За себе вели дека е најмлад случај на кој му дијагностицирале мигрена во Србија. Заради тоа често користи комбиниран прашок.
Првиот албум „Огледалце“ го има снимено на неполни 16 години и го продаде во 100.000 примероци.
По спотот за песната „Слатка мала“ во кој игра со тројца трансвестити го доби статусот геј икона.