Православната Црква на 28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица.
Се верува дека ако на Голема Богородица жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодност. Не треба да се работи физичка работа, ниту пак да се работи во домот.
Молитви кон Пресвета Богородица: Ти си мојата надеж, и тврдина на надежта блага и прибежиште мене кој сум истоштен од присуството на страстите! Спаси ме од сите непријатели кои ја прогонуваат мојата душа.
Научи ме да одам право по патот на Христовите заповеди.Со Твоите молитви, Богоневесто, одврзи ме од синџирите на гневот. Чувај ме дење и ноќе, прогонувајќи ги непријателите што ме напаѓаат.Јас сум понесен од брановите на животната бура. Ти се молам, Мајко Божја, да ме насочиш кон патот на покајанието. Избави ме од вечниот оган и од лошиот пеколен црвец.
Не дозволувај да станам радост на бесовите, зашто сум виновен за многу гревови. О, Пречиста Мајко, обнови ме мене пропаднатиот, поради моите безбројни гревови! Помогни ми и моли Го Господарот на сите да отстрани од мене секаква мака. Удостој ме да ја добијам небеската радост со сите светии, Пресвета Дево, послушај го гласот на Твојот недостоен слуга.
Именден на тој ден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…