Реклама
Холивуд

Дали Анџелина Џоли реши да го копира стилот на Меган Маркл?

Реклама

Велат дела жената во своите плакари треба да има барем еден мал црн фустан, кој може да го носи во секоја пригода.

Тоа многу добро го знае и холивудската актерка Анџелина Џоли која многу често „фура“ црни модни комбинации кога се гламурозни пригоди во прашање, а фустаните што ги носи се со најразлични кроеви.

Маркетинг

Па така Анџелина на „Дисни23 Експо“ во Калифорнија се појави во преубав коктел црн фустан со проѕирни делови на ракавите, во горниот дел и на здолништето, а многу модни критичари ова издание на холивудската актерка го споредија со изгледот на војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

Маркетинг

Во прашање е фустан од Версаче во кој поранешната сопруга на Бред Пит изгледаше како Меган Маркл на лондонската премиера на „Кралот на Лавовите“.

Иако моделот на Меган беше поширок, деколтето и долгите проѕирни ракави на фустанот на Џоли ја ставија во категоријата „веќе видено“.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button