Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните.
Православната Црква на 28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и Нејзиното „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста.Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните.
Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — значаен христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување.
Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица.Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави тој ден. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта.
Се верува дека ако на Голема Богородица жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодност. Не треба ни да се работи физичка работа, ниту пак да се работи во домот.Именден на тој ден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…