Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 август.
Денеска е Преподобен Максим Исповедник.Во свое време свети Максим беше речиси единствениот столб на православието, кој бескомпромисно ја бранеше чистотата на верата од итрата ерес на монотелитите.
Преподобен Максим се роди околу 580 година во Цариград. Имаше високо потекло – беше висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј. Во младоста се здоби со врвно образование беше најголемиот философски ум на своето време.
Од таа причина беше прогонет во Скитија, во тврдината Шимарис, каде се упокои на денешен ден во 662 година. Преподобен Максим се слави на 21 јануари (стар календар), а денес се празнува пренесувањето на неговите мошти од Скитија во Цариград. Не се сочувале сведоштва за времето кога се пренесени неговите мошти.
„Сластољубивиот го сака среброто Суетниот, пак, со него да се прослави, а неверниот за да го сокрие и чува, плашејќи се од гладот што доаѓа или од старост, или болест, или прогонство и повеќе се надева на своето сребро отколку на Бог Создателот на секоја твар и Промислител и за најпоследните и најмалите созданија.“
„Постојат четири групи луѓе кои собираат богатство: три се погоре споменати, а во четвртата спаѓа економ.Очигледно е дека само овој правилно го собира богатството, за раздавајќи секому според потребата, никогаш да не осиромаши.“, поука од Максим Исповедник.