Веќе со недели се шушка дека познатиот пар чека бебе – откако се појавија во јавност, нејзиниот стомак ги тргна сите сомнежи!
Кога се заедно секогаш изгледаат пресреќно, а нејзиното стомаче откри дека пејачката е во блажен состојба.
Кети Пери и Орландо Блум важат за еден од омилените парови на светската јавна сцена, а веќе некое време во светските медиуми се шират гласини дека познатата пејачка е во блажена состојба.
Ваквите шпекулации можевме да ги прочитаме уште пред неколку месеци, но овој пат и нивните обожаватели се убедени дека познатиот пар очекува бебе – наводно, се појавија фотографии на кои на пејачката, наводно, и се гледа стомакот. Или барем така велат нивните фанови.
Тие се уште мудро молчат, но откако се појавија во јавност на премиерата на серијата „Carnival Row“ ваквите шпекулации се сé погласни. Пејачката на црвениот килим блескаше во розов фустан од Тон Форд, а актерот што го засакавме по улогата на Леголас во „Господар на прстените“, цело време со насмевка на лицето го следеше нејзиното движење.
И додека тие ужива во својата љубовна идила, стомакот на Кети привлече внимание! Имено, и се познава, а таа како воопшто да не се обидуваше да го сокрие. Според обожавателите, фотографиите од црвениот килим само ги потврдија гласините дека пејачката е бремена.