Реклама
Бебиња

Новата техника за породување пристигна и во Хрватска – француски царски рез

Реклама

Мајката Бернарда на 12 август ја роди својата ќерка Лара со француски царски рез во Хрватска. Благодарение на новиот метод на породување, таа се чувствуваше одлично веќе следниот ден.

„Можам без проблем да се движам, болките се минимални“, изјави по породувањето Бернарда Дукша за ХРТ.

Маркетинг

Скоро секое трето дете во Хрватска е родено со царски рез. Компликациите се ретки, но тие се случуваат, а закрепнувањето е долготрајно и болно.

Новиот метод на царски рез е помалку болен и жените по него се поподвижни. За разлика од обичниот рез. И Миљeнка се врати на нозе само неколку часа откако се породи.

Маркетинг

„По класичниот не можев ни да зборувам, ниту да седнам, само спиев тој нулти ден. Болката е многу помала од класичниот царски рез и мислам дека сум во многу подобра форма“, го опиша своето породување Миленка Вене.

Како што пренесува ХРТ, во Хрватска овој метод го вршат само двајца лекари од Клиничката болница во Загреб кои шест месеци биле на едукација во Париз. Техниката е позната како минимално инвазивна. Нема влез во абдоменот, нема катетер и има помалку компликации.

„Шиењето на самата матка е со кружна техника, а не права, и со тоа се постигнува подобра и поквалитетна лузна на самата матка“ објаснува Озрен Гргиќ, раководител на породилното одделение.

Мајката е активно вклучена во породувањето

„Она што сега најмногу ми се допадна е тоа што и јас учествував на породувањето“, додаде мама Дукше.

Сепак, овој царски рез не се препорачува за сите бремени жени и не може да го замени класичниот, така што со овој метод досега се родиле само 40 бебиња во Хрватска.

„Ова се случаи кога жената има големо дете, ако е адипозна, ако има некои медицински проблеми, ако станува збор за итен царски рез во кој треба да се дојде до детето многу брзо“, истакна проф. д-р. Весна Косец, претседател на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Лекари од ова одделение наскоро ќе одат на нова обука, а во план е едукација и на другите колеги.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button