Цеца призна зошто редовно не објавува фотографии на Инстаграм, па ненамерно откри нешто што нема да и се допадна на Карлеуша
Ова не можеш да го сокрие
Најголемата ѕвезда на Балканот, Светлана Цеца Ражнатовиќ направи општ хаос кога во една од најпознатите дискотеки во Црна гора одржа концерт за паметење. Но кога новинарите ја прашаа која е тајната на нејзината долгогодишна кариера, и што би ги советувала нејзините колешки за да го следат патот на нејзината кариера, Цеца одговори.
Немам некој совет, ако ви се случи хит, тоа ве одржува. Кариерата ја грдат исклучиво песни кои ќе заживеат во публиката и целиот живот градев кариера на квалитетни и добри песни. Овој концерт доста го посветив на моите стари песни, изјави Цеца во емисијата Ексклузив.
Фолк пејачката и на социјалните мрежи не сака да се експонира во мера како што тоа го прават нејзините бројни колешки кои во преден план ги ставаат луксузните објекти во кои што престојуваат, местата што ги посетуваат, но и облеката со цени од кои може да ви се заврти во главата.
„На мојот Инстаграм имам најмногу свои селфија, јас не сум личност која ќе протежира такви вредности. На мене нешто друго ми е потполно во приоритет. Повеќе сакам да се сликам ако сум на некоја добра забава, журка, а да покажувам материјални работи, тоа не ме задоволува. Сметам дека тоа е примитивно“, беше искрена Ражнатовиќ, а многумина се убедени дека во овој коментар најмногу би можела да се пронајде нејзината колешка Јелена Карлеуша со која Цеца веќе долги години не е во добри односи.