Реклама
Вирално

Нов предизвик на младиот Марко што го преплива Охридското Езеро

Реклама

Марко има нов предизвик

Марко Пејчиновски (13) кој минатата година го преплива Охридското Езеро како поддршка за децата со ретки болести, оваа година има нов предизвик.

Маркетинг

Како што самиот информираше преку социјалните мрежи, младиот Марко оваа година ќе плива од Охрид до Свети Наум, преку Струга и повторно назад до Охрид и тоа за големиот христијански празник Голема Богородица.

 

Маркетинг

„Конечно, сакам и јас нешто да објавам на мојата фан страна. После испливани преку 1000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, браној, дожд, ладно и топло време, ОФИЦИЈАЛНО ви кажвам дека на празникот ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, јас ке пливам од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид.

Се глеаме на целта. Господ да ни поможит, мене и на сите!

П.С. Поздрав од мама, ве чекат на нервно, да ја посетите со сок и чоколада, без гаранција дека ќе ве препознајт.“

Марко минатата година за помалку од девет часа го преплива Охридското Езеро. Херојскиот потфат го започна од Свети Наум, за да на крајот стигне на пристаништето во Охрид. Неговиот подвик добива уште поголема тежина ако се знае дека момчето има преживеано инфаркт на долните екстремитети.

„Не очекував дека ќе биде волку лесно. Сега, откако пристигнав на целта чувствувам замор, а во водите на Охридско Езеро ми беше супер“ изјави тогаш Марко по пристигнувањето на градското пристаниште.

Пливачкиот предизвик за оваа година е толку голем колку што е голема желбата моја за да им помогнам на децата со ретки болести. Нека биде мојата и ВАША желба, напиша тој неколку часа по објавата за својот нов предизвик.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button