Доколку сакате да ја воодушевите вашата дама со совршен подарок, тогаш морате добро да размислите за вашиот избор. Еве кој подарок ги воодушевува жените, според нивниот хороскопски знак.
Овен
Оваа жена сака практични подароци, со јасни бои и едноставни линии. Без разлика дали е тоа нејзиниот омилен кармин, парфем или масажа, останете фокусирани на нејзините потреби.
Бик
Изберете или нешто скапо или нешто практично. Погрешно е да мислите дека жената Бик секогаш се грижи за парите. Тие всушност ја разбираат вредноста на подароците, па добро би било да изберете удобни обувки или практични предмети.
Близнаци
Купувањето подарок за Близнаците е особено лесна задача. Тие сакаат подароци и ќе ги изненадите со што било. Ним секогаш ќе им се допадне и нов телефон или симпатична маска за телефон.
Рак
Овие жени сакаат податоци кои имаат сентиментална вредност. Најдобро ќе изберете ако ги слушате за што зборуваат и ако обрнете внимание на нивните реакции. Подарете им нешто симболично, нешто што личи на нив.
Лав
Постојат два типа жени родени во овој знак. Првите веруваат во природна убавина и можете да ги препознаете по тоа што никогаш немаат шминка, лак на ноктите или бојадисана коса, а вториот тип изгледаат како некој кој сјае во мракот. Тие носаат многу накит, златни работи и се фарбаат плаво или црвено. И двата типа сакаат да бидат ценети, па затоа според типот изберете подарок кој им покажува дека се центар во светот.
Девица
На Девиците купете им подарок кој е практичен и може да им биде од корист. Без разлика дали е парче облека, или нешто за во кујната, подарокот изберете го според нивните страсти. Повеќето Девици во себе носаат и љубов кон уметноста, па многумина од нив знаат да ценат и убава, дискретна слика или скулптура со одредена порака.
Вага
Не е паметно да го пропуштите роденденот на Вагата или важна годишнина, но уште полошо е ако им давате подароци само за тие прилики. Изненадете ја вашата Вага! Купете ѝ цвеќе или парфем, обична кутија со фини чоколади, но без премногу бои и пренагласен сјај.
Скорпија
Кога се во прашање подароците, најверојатно Скорпиите се најкомплицирани. Тие сакаат изненадувања и го ценат секое ваше добро дело упатен во нивен правец. Накитот не им значи ништо доколку не е во склоп со нивниот карактер, а оваа жена можете да ја воодушевите со ситни, романтични работи. Но, запаметете дека подарокот за неа мора да биде полн со емоции и нема да згрешите доколку длабоко се загледате во нејзиното срце.
Стрелец
Оваа жена ужива во секој подарок. Не е важно што купувате, се’ додека тоа предизвикува насмевка на нејзиното лице. Одведете ја на некое место од соништата, одберете цвеќе и покажете ѝ дека ја разбирате нејзината страст и нејзината сила.
Јарец
Жената Јарец често сака практичен подарок, но исто така сака да се чувствува убаво и удобно во своја кожа. Не е лесно да изберете подарок за неа, затоа што мора да внимавате тој истовремено да биде и убав, но и практичен. Најдобро е да ја следите кога гледа нешто по излогот, па така да ја изненадите.
Водолија
Ова би требало да биде лесно – купете ѝ нешто што не би ѝ купиле на друга жена. Важно е да сфатите дека под таа нејзина цврста надворешност се наоѓа вистинска жена која сака да ја изненадите на романтичен и убав начин. Можете да ѝ подарите добра книга или нешто со што може да биде креативна.
Риби
Бидете креативни колку и да можете. Напишете ѝ песна, научите да свирите на инструмент и изненадете ја со некоја песна. Нацртајте ѝ слика од вас двајца… Навистина не е претешко да ѝ купите подарок кој ќе ѝ се допадне. Нека биде нешто со ведри бои и да зрачи со енергија.