Еве што носеше Хајди Клум на својата венчавка
Германската манекенка по романтичната италијанска венчавка конечно откри кој е дизајнерот на нејзината бајковита венчаница во која по трет пат го кажа своето судбоносно „Да“. Хајди Клум се омажи за музичарот Том Каулиц на почетокот на август на луксузната јахта Кристина Оназис која е закотвена на италијанскиот остров Капри.
Во нејзиното видео што го сподели на Инстаграм, Хајди покажа нови детали од пробата на венчаницата и откри дека уникатната креација е дело на креативниот директор на модната куќа Валентино, Пјерпаоло Пичиоли.
Убавата Германка во видеото занесно се врти во венчаницата по собата на паришкиот „Place Vendômeu“. „Јас сум во Париз на втората проба на мојата венчаница. Валентино ја дизајнираше специјално за мене“, се пофали 46 годишната манекенка во видеото.
Таа откри и дека посакувала вистински фустан за принцези за својата венчавка и дека конечниот дизајн е токму тоа.
https://www.instagram.com/p/B1Ovx0_hmLa/?utm_source=ig_embed