„Мојата ќерка е грда и глупава“
Јавноста во шок
Поранешната манекенка, 37 годишната Карла Белучи, ја шокираше јавноста која во едно од своите интервјуа за магазинот „Closer“, откри како ја советува својата 14 годишна ќерка Таниши. Имено, таа призна дека смета дека на грдите луѓе среќата и судбината не им се наклонети, па затоа својата ќерка Таниши ја советува, доколку одлучи дека така треба, слободно да се препушти на пластични операции.
Покрај тоа што мисли дека нејзината ќерка е грда, таа смете и дека не е интелигентна.
Мојата ќерка Таниши не е најинтелигентната личност па во иднина нема да инсистирам на нејзиното образование како што тоа го правам со моите синови. Ќе мора да поработи на својот изглед ако сака да изгледа совршено бидејќи грдите луѓе никаде не поминуваат добро“, изјави таа тогаш и ги шокираше сите. Таа целата приказна ја поврза и со сестрите Кардашијан, кои во моментов и се идол на младата тинејџерка.
Во моментов и се допаѓа изгледот на сестрите Кардашијан. Ќе стави филери штом ќе наполни 16 години, во што потполно ја поддржувам, а градите може да ги зголеми откако ќе наполни 18“, лежерно изјави оваа мајка на три деца и додаде дека Таниши најверојатно ќе го подигне и задникот кој како што вели таа, премногу и е рамен.
Но ова не е прв пат Карла да дава вакви шокантни изјави во медиумите. Пред два месеци таа ги полнеше насловните така што лажираше депресија, за да го избегне плаќањето на данокот за естетската операција на носот.
Тогаш призна дека во тоа и помогнал доктор што успеала да го заведе и кој ја советувал да одглуми психичка болест, за да го добие она што го бара.