Карлеуша во најшокантното издание што сме ја виделе досега – овие фотографии потсетуваат на сцени од хорор филм
Карлеуша ова лeто работи напорно.
Таа редовно настапува и се фотографира за социјалните мрежи, што за неа претставува посебно задоволство.
Па така благодарение на Инстаграм можеме да ја видиме во најразлични изданија и костими што ги набавува за своите настапи, кои дефинитивно се поинакви од сите други пејачи на овие простори.
Но таа на својот последен настап носеше комбинезон од латекс кој беше тесно залепен за нејзиното тело, па раскошните облини беа во преден план како никогаш досега.
И тоа не е сé. Покрај тоа што цело време се вртеше на сцената во круг и се удираше за „позадината“, најшокантниот момент беше кога се појави со маж расоблечен до половината и врзан со ремен за кучиња. Таа овој призор ги објави на Инстаграм, а покрај шокантната кореографија можеме да видиме и дека на врзаниот маж воопшто не му е пријатно.
Но очигледно на Карлеуша тоа и се допаѓа…
.