Снаата на Лепа Брена сподели радосни вести – прослава во куќата на Живојиновиќ, честитки пристигаат од сите страни
Пејачката не била никогаш посреќна!
Пејачката Александра Пријовиќ преку социјалните мрежи сподели убави вести, а набргу почнаа да и пристигаат и честитки од сите страни. Имено, пејачката и нејзиниот сопруг Филип станаа родители пред 5 месеци, а нивната среќа никогаш не ја криеја од своите обожаватели.
„Денес наполнивме пет месеци. Те сака мама најмногу. А“ – напиша Пријовиќ и стави емотикон сино срце.
Да потсетиме, Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се остварија во улога на родители пред пет месеци. Тие добија момче кое го крстија Александар, а младата мајка покрај тоа што ужива во мајчинството реши да им се врати и на своите обожаватели и набргу повторно му се посвети на микрофонот и почна со своите настапи.
Од фотографиите што редовно ги објавува на социјалните мрежи можеме да видиме дека нејзиното тело за кратко време по породувањето повторно го врати во совршена форма, а според многумина пејачката сега, како мама, изгледа подобро од кога било претходно.
Очигледно мајчинството и брачниот живот и годи, а тоа се однесува и за нејзиниот сопруг Филип кој исто така постојано објавува фотографии на социјалните мрежи.