Реклама
Хороскоп

Се случи Божјо чудо – православен светец воскреснал бебе

Реклама

Чудо на Свети Арсениј Пароски

Прв ова чудо го објави отецот Дионисиј Табакис, во јауари 2018 година, кога по телефон му се јавила игуманијата Арсенија, од манастирот „Свето Преображение“ на островот Парос, Грција, каде што се наоѓаат и моштите на светиот Арсениј Пароски. Неговата објава ја пренесуваме во целост:

Маркетинг

„Пред неколку минути, игуманијата Арсенија Ѕантули (стареци на манастирот во кој се подвизувал св. Арсениј Пароски) и нејзиното сестринство ни го јавија следното восхитувачко чудо:

Долги години сестрата на игуманијата Арсенија живеела во Белгија, заедно со нејзиното семејство. Пред пет месеци нејзината внука се удостоила да стане мајка. Новороденчето било крстено оваа година, на празникот Богојавление (6. јануари 2018 по нов календар), и го примило името Арсенија, во чест на преподобниот старец Арсениј.

Маркетинг

Но, одеднаш бебето се разболело и со отежнато дишење било одведено во болница. По само два дена, на 8. јануари 2018., бебето се упокоило, оставајќи ги своите родители неутешни. Истиот тој ден, во болницата дежурал лекар со грчко потекло. Одејќи на визита, сретнал еден старец со бастун, со кого позборувал за упокоеното бебе. Старецот му рекол да појде кај бебето и да му пружи кардиопулмонална ресусцитација, макар што од прогласувањето на смртта изминале 24 часа и смртта била официјално потврдена.

Старецот го убедувал дека бебето ќе живее.

Вчудоневиден од овие зборови, лекарот постапил токму онака како што го советувал стариот посетител и, бебето Арсенија, во слава на Бога, воскреснало.

Мајката, враќајќи се в болница за да го организира погребот, го нашла нејзиното бебе живо во нејзиното креветче. Чудесен е Бог во светиите Свои! Стариот човек што го посоветувал лекарот бил самиот свети Арсениј Пароски, онака како што е прикажан на една од неговите икони!

Отец Дионисиј Табакис
22. јануари 2018

Неколку работи поврзани со Божјите чуда

Инаку чудата не се ретка појава во православието. Многу работи што се имаат случувано илјадници години наназад никој не може да ги објасни, а фрквата ги толкува како волја на Господ. Како што велеше српскиот владика Николај, кога зборуваме за чудата Божји, не треба да заборавиме дека светот во кој живееме е едно големо ЧУДО Господово. Чудото и не е ништо друго туку дар од Бога на кој луѓето се чудат. А луѓето се чудат на овие дарови Божји токму поради совршенството на таквите дарови.

Според руските научници во оној момент кога водата или храната ќе биде крстена, таа се ослободува од сите нечистотии и бактерии. Истражувањата кои пред неколку години беа спроведени во лабораторијата на медицинско-биолошките технологии NII за индустриска и морска медицина во Москва, станаа вистинска сензација.

Научниците преку експеримент докажаа дека крсниот знак ги убива микробите и ја менува оптичките особини на водата.

Потврдивме дека древниот обичај храната и пијалакот да се крсти пред јадење има длабока мистична смисла, вели Ангелина Махаловска.

Храната се прочистува буквално во истиот момент. Тоа е големо чудо кое се случува секој ден, вели таа.

Анџелина Малаховска своето истражување а моќта на знакот за крстење го спроведуваше скоро 10 години. Таа спроведе голема серија експерименти, кои беа повеќе пати проверени, пред да ги објави резултатите.

Тие се феноменални: откриени се уникатни бактериолошки својства, кои водата ги поседува по осветувањето со молитва и крштевање. Откриена е нова, претходно непозната карактеристика на Словото Божјо дека ја трансформира структурата на водата, така што значително ја зголемува нејзината оптичка густина во краткиот или ултравиолетовиот спектрален регион.

Научниците го тестираа ефектот на молитвата на „Оче наш“ и знакот за крстење и врз патогени бактерии. Земени се примероци вода од разни сливови, бунари, реки и езера за истражување. Сите примероци содржат стафилокока и уште една секогаш присутна бактерија. Но, произлезе дека по читањето на молитвата Оче наш и осветување на примерокот со крсниот знак, количината на штетните бактерии се намалувала за 7, 10, 100, па дури и повеќе од 1000 пати. Забележлив е и корисниот ефект на молитвата и крстењето врз човекот – кај сите испитаници бил стабилизиран притисокот, а подобрени се и резултатите од анализа на крвта.

Од тука можеме да разбереме и како аскетите-исихасти живееја во пустини и по 80,90 па дури и 100 години и тоа речиси без храна. Нивните тела за време на животот толку многу се преобразувале, што потоа станувале мошти што не скапуваат. А по нивните молитви структурата на водата во тие области каде што живееле толку се менувала, што природната изворска вода и по неколку векови дава огромна исцелителска снага на оние, кои се вера приоѓаат да се поклонат на светиот достојник.

Од ваквите истражувања се гледа дека водата, како и светлоста и зборот на молитвата можат меѓусебно да делуваат. И во основа на се’ е Словото. Со Словото е создаден светот (Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото) и со него со Божја помош се случуваат чуда.

Извор: Pravoslavie.mk, narodno.me, Glamur

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button