Луна Џогани заедно со Марко замина на одмор во Египет – погледнете каков костим за капење „фура“ победничката од „Задруга 2“
Победничката на шоуто Задруга 2 заминаа на одмор во Египет, а Луна од аеродромот објави неколку заеднички фотографии.
Блогерката и победничката во шоуто „Задруга 2 “, Луна Џогани, и нејзиното момче, Марко Миљковиќ, заминаа на својот прв заеднички одмор во Египет. Луна објави неколку фотографии од пред полетувањето на Инстаграм, од белградскиот аеродром Никола Тесла, од кои можеме да видиме колку беа задоволни и среќни што патуваат заедно.
Луна на аеродромот ја донесе нејзиниот татко Гаги Џогани.
Пред да отпатуваат, Луна за српскиот Телеграф зборуваше отворено за нејзината врска со Марко Миљковиќ. Таа откри дека би сакала да има деца со него, а не заборави да ја спомене и својата мајка Анабела.
По ова таа објави и неколку фотографии на кои позира во минијатурен костим за капење, а како изгледа во него погледнете во продолжение.