Познатата пејачка позираше во плиткото, а само еден дел од нејзиниот костим за капење беше доволен за да го сруши Инстаграм.
Фотографијата имаше преку половина милион лајкови за помалку од два часа од нејзините воодушевени обожаватели.
Иако ова не е прв пат Џенифер Лопез која неодамна заплови во шестата деценија, да покаже дека нејзиното тело не е во склад со нејзините години, што е резултат на добрата генетика, но и на напорните тренинзи, нејзините обожаватели повторно беа воодушевени од тоа како изгледа. Таа од глава до пети е вистински симбол на убавината, а фотографијата со која ги сруши социјалните мрежи е направена во Израел, откако имаше концерт во Тел Авив во склоп на нејзината турнеја „It’s my party tour“.
Таа стои во плиткото облечена во бикини, односно само во еден дел кој беше видлив за нејзините обожаватели, додека во горниот носи „кроп-топ“ блуска. Но кога е таа во прашање очигледно е дека тоа е и повеќе од доволно за да добие повеќе од три милиони лајкови за еден ден.