Се сеќавате на Сабрина? Пред 30 години беше сон на секој маж и симбол на убавината. Нема да ви се верува како изгледа денес
Згодната Италијанка Сабрина Салерно планетарна популарност доживеа во осумдесеттите години, по големиот хит „Boys“.
Таа со својот костим за капење со кој танцува во светот, а на кој во преден план беа нејзините бујни атрибути, ги освои сите.
И покрај тоа што потоа снимаше уште неколку песни, ќе остане запаметена само по спотот кој беше снимен во 1987 година. Но откако ќе стане популарна во целиот свет, згодната Италијанка ќе се соочи со депресија, а во 90-тите години на минатиот век ќе реши да го промени имиџот бидејќи не сакаше да ја следи репутација на преубава и презгодна.
Тогаш ќе објави нов албум и за прв пат ќе запее на италијански, но поради проблеми со менаџерите и дискографската куќа, албумот ќе доживее фијаско. Таа ќе ја прекине соработката и по неуспехот ќе се повлече од јавноста и ќе продолжи да живее на село со своето семејство.
Потоа уште неколку пати ќе се обиде да се врти на сцената, а со пеење се занимава и ден-денес.

Сабрина неодамна наполни 51 години, а многумина коментираат дека и денес изгледа подеднакво добро како и кога беше на врвот од својата кариера.

Мошне активна е и на социјалните мрежи (посебно на Инстаграм) каде редовно објавува фотографии во бикини и може да се пофали со својата феноменална линија.



А еве како изгледаше некогаш…