Реклама
Вирално

„Кога бев копиљ, во сиромашната и комуњарска Југославија …“ – овој коментар на Сашо Тасевски МОРА да го прочитате!

Реклама

Познатиот актер, комичар и писател во последно време се почесто пријатно не изненадува со своите статуси на социјалните мрежи.

Овој е уште еден од оние статуси на Сашо Тасевски што погодуваат директно во целта, а зошто е тоа така прочитајте во продолжение.

Маркетинг

Кога бев копиљ, во мрачната, сиромашна, назадна, комуњарска Југославија, имаше еден квиз по име Квискотека. На него можеа да се пријават на приемен 20 милиони југословени. Кремот од најначитаните југословени, влегуваа во борба на знаење. Тоа беше медиумска атракција во четврток навечер. Гледаност до плафон. Не се опишува. Еј за квиз зборувам каде се бараше енциклопедиско знаење, не за Задруга, силиконите и глупоќата на вашите денешни почитувани инфлуенсерки алијас кол герли. Паметам, цела фамилија сме го гледале со баби и дедовци. Сите играа, помагаа, дофрлаа пред телевизорите. Деца, после школо сме оделе во подрум ако е зима, се местеше сценографија, се составуваа прашања за да играме Квискотека. Многу работи од општа култура кои денес не ги знаат ни дипломци ни министри, ние ги знаевме во четврто, пето, шесто одделение… А немаше интернет, ај поди, ај фони… Ај нек се гони. Значи ни интернетот не знаат како да го користат. Поточно, го користат погрешно. Професорот физичар Ане Тунтев, тогаш дечко, немаше 30 години, беше првиот и единствениот Македонец кој победи во Квискотека. Му симнувале капа на улица по победата. Покажал знаење. Тоа е оној што победи на Квискотека. Го препознаваа по знаењето, не по силиконите и кремите што ги ги рекламира некоја умислена спонзоруша.

Целиот коментар прочитајте го тука…

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button