Реклама
Вирално

Нема да ви се верува колкава сметка им дошла на туристите во еден познат ресторан во Охрид

Реклама

Еден корисник на социјалните мрежи одлучи да се пожали по лошото искуство што го имал во еден ресторан во Охрид.

Откако со пријателите биле на ручек во еден ресторан кој се наоѓа во Пештани, сите останале шокирани кога ја добиле сметката што требале да ја платат за скромниот ручек што ги јаделе со пријателите. Кога го викнале менаџерот, вработените во ресторанот им викнале обезбедување.

Маркетинг

Своето негативно искуство туристот го сподели преку Гугл мап и социјалните мрежи како би ги предупредил и другите да не ја повторат истата грешка. „Грабежот“ се случил пред две недели, а покрај описот што им се случило во ресторанот, тие ја објавија и сметката што ја добиле.

„Според наше мислење цената беше висока, и ние бевме измамени. Но по три чаша расправање, моравме да платиме“ вели револтирано разочараниот турист.

Маркетинг

„Бевме група од девет лица и имавме многу необично искуство во овој ресторан. Кога седнавме, тие самите ни кажаа дека имаат свежа пастрмка од езерото, па така седуммина од нас порачаа малку риба и салата и зеленчук за да ги споделат. За пиење нарачавме пиво и црвено вино. Уште на почетокот тие ни носеа многу повеќе отколку што нарачавме, и исто така не ни кажаа колку риба ќе ни донесат. Кога дојде сметката видовме дека ни го дале најскапото вино (едно шише 1500 денари), а имаше работи на сметката што не ги нарачавме, а и не ги добивме. Но она што стана проблематично е што тие не послужија со 12.5 килограми риба за седум лица, без воопшто да не прашат колку сакаме. На крајот ни испорачаа сметка од преку 50.000 денари“ пишува туристот.

Во прашање е ресторан кој се наоѓа во Пештани, во непосредна близина на Охридското Езеро. Според фотографијата од сметката што корисникот ја има објавено на социјалните мрежи, можеме да видиме дека туристите само за пастрмка, за 12.4 килограми платиле 27.290 денари, додека за црвено вино 6000 денари, а за бел сос 1250 денари.

„Накратко би сакале да ве замолиме да не поддржувате такво однесување кое е неправедно и не покажува гостопримство. Ваквото однесување дава лошо светло за овој регион со сите фини и пријателски настроени луѓе што ги има тука, а тоа е најлошото“, завршува разочараниот турист.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button