Опа! И Милица Тодоровиќ се соблече во костим за капење и покажа со што располага. И жените полудеа од тоа како изгледа
Пејачката ги полни батериите во Хрватска
Фановите на Милица Тодоровиќ конечно дочекаа и нивната омилена пејачка да скокне во својот костим за капење, а според коментарите што можевме да ги прочитаме, чекањето и те како им се исплати.
Таа пред својот настап го искористи слободното време за да ужива во морето и убавото сонце, па реши и да позира на терасата во морско издание – во црн костим за капење и црно, проѕирен фустан за на плажа.
На фотографијата во преден план е нејзината „позадина“ со која посебно ги воодушеви мажите меѓу нејзините бројни обожаватели на Инстаграм, а целото издание дополнително го истакна така што ја подигна ногата, по што следуваше хаос на социјалните мрежи.
Од коментарите можеме да видиме дека дури и жените полудеа од ова нејзино издание, а меѓу нив се најдоа и бројни колешки, како Ана Бекута и Јелена Розга, кои исто така не можеа да одолеат да не напишат комплименти на сметка на нејзиниот атрактивен изглед.
Не сме сигурни само кој е виновен за овие преубави фотографии, но претпоставуваме дека таа чест ја имаше нејзиното момче Милош Пауновиќ.