Марина Гагиќ се пофали на социјалните мрежи
Дарко и Марина
Новопечената мама Марина Гагиќ откако го роди малиот Алексеј за многу брзо време своето тело повторно го врати во топ форма. Имено, само месец дена откако таа и нејзиниот сопруг, Дарко Лазиќ, добија син повторно ја поврати својата витка линија, па реши тоа да го покаже и да се пофали со својот изглед преку социјалните мрежи.
Марина на Инстаграм позираше облечена во црно од глава до пети, при што до израз дојде нејзиното тело.
Марина Гагиќ
Инаку, Дарко Лазиќ при крајот на минатата година доживеа тешка сообраќајна несреќа, од која се уште закрепнува, откако слета со автомобилот од патот и се преврте на кровот недалеку од своето родно место.
Оливера Матијевиќ
Пејачот пред Марина беше во брак со Ана Севиќ со која има ќерка, Лорена. Откако се раздели од пејачката, тој кратко време беше во врска и со колешката Оливера Матијевиќ. Тие беа заедно откако Дарко и Ана се разделија, но нивната љубовна романса траеше кратко.
По ова ја сретна неговата сегашна свршеница Марина со која пред месец дена го доби малиот Алексеј.