Јелена Карлеуша со оваа фотографија ги потврди своите бројни пластични операции?
Карлеуша некогаш и сега
Една од најпознатите српски пејачки, Јелена Карлеуша (40), на почетокот од годината се најде во центарот на медиумското внимание поради фотографиите што наводно му ги испраќала на босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, а на кои позира во непријатни изданија. Иако пејачката ги демантираше ваквите информации и тврдеше дека на спорните фотографии не е таа, поради интересот на јавноста, нејзиниот приватен живот не ретко беше главна тема во медиумите во регионот, а покрај наводната афера, често можевме да читаме и за естетските корекции што ги има направено.
Тоа се случи и со поседната фотографија што се појави на социјалните мрежи, а која ги потврдува споменатите претпоставки.
Имено, пејачката со своите обожаватели неодамна сподели ретка фотографија од своето детство, направена пред триесетина години, а која крена голема прашина во медиумите. На неа познатата пејачка, односно онаа Карлеуша од пред триесетина години изгледа речиси непрепознатливо, а според коментарите што можат да се прочитаат, корисниците на социјалните мрежи се убедени дека има направено естетски корекции.
Но кога се трансформациите во прашање, тие на Јелена и се заштитен знак. И ова посебно важи за нејзините фризури.
Нејзините многубројни фанови секојдневно имаат прилика да ја гледаат во најразлични изданија, но во споредба со старата фотографија, нејзините фанови се убедени дека направила корекција барем на устата и јаболчиците. Но и на градите, а најверојатно и на „позадината“…