Реклама
Наши ѕвезди

Го знаеме од „Сулејман Величествениот“, но во ова издание нема да го препознаете. Во Турција важи за опасен фраер

Реклама

Ретко која жена ја нема гледано турската серија Сулејман Величествениот за омилената Хурем и нејзината љубов, Султанот Сулејман.

Покрај актерката која што ја глумеше Хурем, Мерјем Узерли, и Сулејман Величствениот што го глумеше Халит Ергенч, тука беше и Бурак Озџивит кој со својата генијална улога на Бали-бег ги освои срцата на претставничките на понежниот пол. Но исто така никогаш нема да го заборавиме и ликот на Зумбул-ага кој имаше посебен шарм во популарната серија, а кого маестрално го одигра Селим Барјактари.

Маркетинг

Можеби не сте знаеле, а е поврзано со ликот на Зумбул ага, е тоа што тој беше осмислен да трае само неколку епизоди, но по одличните реакции на публиката, одлучено е да остане до крајот на серијата.

Маркетинг

Но Зумбул-ага во реалниот живот воопшто не е истиот оној лик што го знаеме од серијата. Имено, Селим Барјактари, меѓу припадничките на понежниот пол во Турција важи за многу сериозен фраер.

Тој е сурфер, фанатик за одржување на кондиција, практикува разни спортови за да остане во физичка форма.

Голема пасија му е и јогата и веќе со години учествува на разни натпревари кои се одржуваат насекаде низ светот.

Тој е роден во Ирак, во 1975 година. Неговото семејство од оваа земја емигрира во Турција кога тој имал само 13 години.

Неговиот татко работел во нафтена компанија во Ирак, па тој таму го поминал детството.

Тој во една пригода изјави дека еднаш, кога бил дете, во училиштето каде што учел, дошол Садам Хусеин и дека од сите деца му се доближил баш нему. Му кажал дека би бил добар војник и дека во ирачката војска е неговата судбина. Тие зборови останале врежани во неговото сеќавање, па неговото семејство одлучува да избега од Ирак, и покрај војната, затворените граници и куршумите што летале на сите страни..

„Беше навистина ужасно, ракетите летаа над нашите глави, мажите беа носени во војната, а жените силувани. Мојот татко еден ден дојде дома и ни рече – Одиме за Турција. Јас сум му благодарен заради тоа“, истакна актерот во едно свое интервју во кое се присети на овие тешки денови.

Селим враќајќи се во родната Турција, со своето семејство, завршил средно училиште, а потоа и актерство. Долго време играл споредни улоги во театрите, а пред филмските камери прв пат ќе се најде дури во 2009 година. Сепак, најголема популарност стекнува со неговата генијална улога на Зумбул ага во популарната серија Сулејман Величествениот.

По оваа улога тој ќе се појави во уште многу други познати турски серии, но гледачите речиси не го препознаваат бидејќи изгледа потполно поинаку.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button