Ирeна Спасовска ги подели социјалните мрежи
Пејачката со фотографиите на кои позира во костими за капење предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.
И додека нејзините обожаватели будно ја следат секоја нејзина објава на социјалните мрежи, други ја критикуваат што објавува фотографии во костими за капење, па дури и затоа што се тетовирала. И тоа е во ред, но се си има свои граници, а како што вели и самата Ирена, „на плажа се оди во костим за капење, а не во чизми и закопчана до грло!“.
Но очигледно дека Ирена не е премногу загрижена за негативните коментари што ги пишуваат за неа, а што се однесува за хејтерите, таа вели:
„Само неисполнети луѓе критикуваат така. Оние што се реализирани немаат време да се замараат со туѓи животи. Ќе си го тераат својот. Но тие не се воопшто важни. Важни се делата, а конкретно на мене ми важна мојата публика, луѓето што доаѓаат на моите настапи, и секако вистинските пријатели и колеги со кои имам соработка. Но јас ги жалам оние кои поради својата огорченост неограничено и слепо веруваат во точноста во својот суд. Но мене оџакот ми чури нагоре, зборувале тие или не. А што се однесува до моите фотографии, на социјалните мрежи го правам она што ми се прави и објавувам фотографии какви што сакам. Тие се мои и тоа го правам за мојата верна публика. Нив им се допаѓа тоа и се додека е така ќе го правам тоа. И мислам дека тоа не треба никому да му смета, нели? За мене е најважно да сме луѓе! Луѓе со душа! Наместо да се мразиме и хејтаме, треба да си помагаме едни на други. И секако, без разлика на годините да се чувствуваме живи. Да се дружиме со пријателите, да уживаме во секој момент и во сето она што ни го носи животот. Наместо омраза, да се смееме, да се сакаме. Зарем има нешто поубаво од тоа?“.
Инаку, нашата фолкерка и ова лето го поминува работно. Таа е мошне зафатена и важи за една од најбараните пејачки од Македонија. Настапува речиси секој ден, па така нејзините обожаватели во следните месец дена ќе можат да ја гледаат во Битола, Кочани, Берово, Штип, Охрид…
Каде настапува Ирена ова лето
„Напорно работам но си ја сакам професијата и не ми е тешко. Цел август имам настапи, а септември месец планирам да снимам спот со нова песна и еден дует кој засега нека остане во тајност“, вели Ирена.