Колегите се збогуваат од Гоце Влахов – актерот што го гледавме во Македонските народни приказни и во многу претстави
Тажна вест – почина нашиот познат актер Гоце Влахов.
По храбрата и тешка борба со ракот денес, на 70-годишна возраст, почина познатиот македонски актер Гоце Влахов. Неговата сопруга и ќерка тажната вест ја соопштија преку социјалните мрежи, а неговите пријатели и колеги со емотивни пораки се збогуваат со него.
Во својата пребогата кариера има одиграно стотина улоги во претстави, филмови и серии. Огромен белег има оставено и со својата улога во Македонските народни приказни, a ќе остане запаметен и бројни други легендарни театарски претстави. Првата своја улога на сцената на Македонскиот народен театар ја остварува во 1972 година со претставата „Кралот Лир“, а од 1980 па се до пензионирањето ќе биде дел од овој театар во кој ќе оствари бројни незаборавни улоги.
Покрај улогите во театарските претстави Гоце Влахов оствари главни улоги и во филмовите Ќекор пред времето и Андер а игра и во филмовите Македонски дел од пеколот (1971), Јад (1975), Оловна бригада (1980). Ќе се појави и во филмовите на Милчо Манчевски „Сенки“ и „Мајки“, а од 1986 до 2012 ќе учествува во снимањето на култните Македонки приказни како и во телевизиската серија „Тврдокорни“.
Посмртните останки на Гоце Влахов ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел на 30 јули, во 11 часот.
Погребот ќе биде во 12 часот.