Реклама
Холивуд

Џоли НИКОГАШ не била олку слаба. Што и се случува, се прашуваат фановите?

Реклама

Таа отворено зборува за стресот низ кој поминува

Познатата актерка беше во шопинг со своите ќерки, во друштво на непознат маж. Но она што најмногу привлече внимание е тоа што Анџелина повторно изгледа претерано слабо. И тоа најмногу на рацете. Што се однесува до непознатиот мажи, со кого Анџелина зборуваше додека се шетаа низ паркингот во трговскиот, се претпоставува дека е телохранител.

Маркетинг

Актерката беше облечена во долг, беж фустан без ракави и рамни сандали, а класичниот беж мантил го носеше префрлен преку рацете. Најголемо внимание предизвикаа токму тетовираните раце кои изгледаат послабо од кога било претходно, па нејзините обожаватели се загрижени.

Маркетинг

Имено, холивудската актерка во последните неколку години постојано ги загрижува своите обожаватели со својот преслаб изглед. Таа е висока 169 сантиметри, и варира измеѓу 54 и 56 килограми, а во 2018 наводно имала само 40 килограми. Дури и нејзиното лице изгледа испиено, па верните фанови оправдано се прашуваат што и се случува.

Таа во една пригода изјави дека причините за тоа што е толку слаба се исклучиво стресот поради губењето на мајката и разводот од Бред Пит.

Но таа има и посебно мени во кое супите се задолжителни, житарките и оброк од смеса од чиа семки, просо, киноја и ориз за која актерката вели дека и дава енергија и поради која нејзината кожа изгледа посјајно.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button