Наши ѕвезди

„Последниот воз“ на Миле Кузмановски – по трагичната загуба на сопругата, кралот на љубовните балади повторно е среќен човек

Advertisement

Миле Кузмановски има нов спот

Advertisement

Македонскиот крал на фолк баладите деновиве го промовираше спотот за песната „Последен воз“. Во прашање е љубовна балада, додека спотот во кој е преставена романтична приказна изгледа феноменално. Музиката и аранжманот се подготвени во Прилеп, во студиото на Рубин Димкоски, а текстот на песната е на Орце Зафировски.

Милен не само што повторно им се врати на љубовните балади, кои можеби и најмногу му лежат, туку можеме да кажеме и дека повторно е среќен човек. Пред нешто повеќе од една година му се роди ќерката Ева која што ја доби со сопругата Јасмина, додека со поранешната сопруга Вера, која пред седум години ја изгуби битката со тешката болест, има ќерки близначки – Ана и Јана кои имаат 15 години и се средношколки.

Advertisement

„Животот со три девојчиња дома умее да биде забавен, благодарен сум за се што имам и за секој нов ден поминат во љубов и семејна хармонија“, изјави Миле во едно негово интервју за Фокус.

 

Миле својот последен албум „Крал без круна“ го снимаше пред шест години, а неговата песна „Не кани ме“ важи за една од најпопуларните македонски балади. Покрај оваа песна и „Крал без круна“, „Роман“ и „Презиме“, како и многу други негови песни важат за евергрини.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button